Озборувањето е во голема мера застапено во секојдневните разговори и колку и да се трудите да го избегнете, друштвото ќе Ве надвладее. Многу обожаваат да го прават иако е бесцелен акт на зборување за туѓите приватни животи.
Фото: Pixabay
Зошто озборуваме?
Освен што се приклучуваат многумина и го охрабруваат чинот. Најчесто луѓето што
озборуваат не се чувствуваат доволно добро за себе, односно, ако се чувствуваат дека се непосакувани или неинтересни, може да изберат откријат нешто за да бидат интересни. На овој начин може да имаат чувство на прифатеност. Кај таквите луѓе обично се јавуваат едно од двете чувства: или им олеснува што се прифатени, или се каат што наштетиле некому. За жал почесто е првото.
Психологијата зад озборувањето
Психолозите имаат истражувано многу аспекти на озборувањето. Еден од нив е штетата што се нанесува на личноста која е озборувана, но и на оној кој озборува. Околу 60% од разговорите меѓу возрасните е за нешто што не е присутно и повеќето од овие разговори се судења за некој или нешто.
Психолозите веруваат дека оговарањето помага да се изградат социјални врски затоа што преку нештата или луѓето што не се сакаат полесно се градат тие врски, отколку преку нештата за кои повеќе луѓе имаат позитивно мислење. Дури, многу озборувачи велат дека задоволство им е да раскажуваат за несреќите на другите.
Фраза со која озборувањето ќе престане веднаш
Кога некој се обидува да ве воведе во навредлива расправа која се однесува за некој неприсутен, најдобро е да кажете:
Зошто ми го кажуваш ова? Првата причина зошто е ова ефективно е затоа што веднаш го прекинува мотивот кај озборувачот. Второ со оваа фраза се принудени да се соочат со фактот дека другата страна не е среќна што е инволвирана. Обично, озборувачите имаат потешкотии да најдат одговор на ова прашање.
Следниот пат кога ќе се најдете во ваква ситуација, соберете храброст и поставете го прашањето!