X
 20.02.2019 Живот

Лавицата од скопската ЗОО ја загуби битката со туморот

Со тешко срце и насолзени очи се простивме од нашата лавица, која долго време беше член на ЗОО-семејството. Малигниот тумор, кој започна да се развива на лицето, метастазира низ целото тело, соопштија денес од скопската Зоолошка градина.

Во објавата на социјалната мрежа „Фејсбук“ стои дека уште во септември минатата година од ЕАЗА (Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми) препорачале евтаназија, но дека тие решиле да се борат, па во соработка со Ветеринарниот институт направиле неколку операции за отстранување на туморот. Но, тој секојпат се враќал.

- Дијагнозата беше малиген тумор на кожа и поткожје со голем број митотични и апоптични клетки, некрози и местимични крвавења. Лекувањето, за жал, беше неуспешно, а лавицата, која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата, беше евтаназирана. Секој од нас има изгубено блиска личност од ова зло, а ние ја изгубивме 20-годишната мила жителка на ЗОО Скопје. Тагата е преголема. Почивај во мир убавице и трчај слободно горе на небото - стои во објавата.

На крајот е наведено и дека во чест на лавицата, денес знамињата пред Зоолошка ќе бидат спуштени на половина копје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот