X
 06.01.2021 Живот

Чувар во ЗОО споделува каква е неговата работа за да ја разбуди љубовта кон животните кај секој човек

Она на што можат да ве научат животните е вистинската емпатија.

Чејд Стејплс, кој се грижи за дивите животни во една ЗОО во Сиднеј, го докажува тоа. Тој секој ден се буди опкружен со стотици прекрасни животни кои ја делат љубовта кон него.


Како што вели, тој е навистина среќен што животот го поминува опкружен со животни. Неговиот живот е сосема различен во споредба со луѓето што живеат во големи градови, а најголемо богатство му е токму зоолошката каде што почнал да работи пред повеќе од 20 години.


- Го земам кафето и одам на прошетка, нурнувајќи се во светот на животните за да видам дали работите се во ред - вели Чад додека го опишува неговиот нормален ден.

Со само еден поглед открива дали животните се во ред или не се. Секое животно има свој карактер и личност. Чед вели дека иако е тешко да се разберат животните, тоа е нешто што доаѓа со текот на времето.


- Мислам дека главната работа е вистинската емпатија. Јас тоа го учам од животните секој ден - вели тој.

Секако,  неговата работа воопшто не е лесна, а се соочил и со многу предизвици. Еден од нив беа пожарите во Сиднеј кои се ширеа толку брзо што немало време да се евакуираат животните. Чед одлучил да остане за да ги спаси. Иако било тешко, вработените во зоолошката успеале да ги спасат сите животни.




Извор: Brightside.me
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот