НАСА планира да лансира сонда за собирање примероци од карпите од астероид, за кој се верува дека е еден ден би можел да ја погоди Земјата.
Астероидот наречен Бену може да се види од Земјата кога тој поминува низ нашата орбита на секои шест години. Бену има дијаметар од 500 метри, а во 2135 година ќе помине точно помеѓу Земјата и Месечината.
„На патот помеѓу Земјата и Месечината во 2135 година, овој астероид може да го насочи својот пат директно кон Земјата“, изјави професорот по планетарни науки на Универзитетот Аризона, Данте Лаурета.
Професорот Данте додаде дека Бену најверојатно ќе предизвика големи последици, а како главен истражувач на
НАСА задолжен за мисијата на сондата Озири-Рекс на астероидот Бену, која треба да започне во септември, рече дека сондата ќе го лоцира астероидот, ќе собере примероци од карпите и потоа ќе се врати на Земјата. Тој додаде дека информациите околу големината на астероидот, неговата тежина и неговиот состав, би можеле да претставуваат клучни податоци со кои идните генерации би можеле да се справат со овој проблем.
Сондата Озирис-Рекс на астероидот Бену ќе пристигне во 2018 година и околу една година ќе го испитува геодетскиот и хемискиот состав на астероидот, неговата минерална и геолошка историја. Собраните информации во текот на набљудувањето ќе им помогнат на научниците да го разберат курсот на овој астероид и како врз него влијае сончевата светлина. Враќање на сондата се очекува во 2023 година.