Веројатно ќе поминат децении пред да ги испратиме првите луѓе на Марс, но американската вселенска агенција НАСА веќе работи на плановите. Таа објави детали за можна 30-дневна мисија на Црвената Планета.
Пред сè, најважно е леталото што ќе ги однесе астронаутите таму, а кое ќе служи и како нивен дом за време на престојот. Ракетата која би го овозможила ова е хибридна, со хемиски и електричен погон.
Според планот, двајца астронаути ќе останат во орбитата, а двајца ќе се спуштат на површината со возило кое ќе тежи 25 тони. Овој ровер ќе функционира и како дом и како истражувачко возило. Агенцијата работи на тоа да им овозможи на астронаутите да излезат од возилото со послабата гравитација на Марс.
НАСА навела 50 основни точки за целиот
проект за кои сега ќе прима коментари и предлози со цел да ги подобри плановите за летање до планетата.
Во иднина би можеле да се реализираат и подолги мисии на Марс кои би траеле над една година.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay