„Ѕвездена ноќ“ е едно од најпознатите уметнички дела на холандскиот уметник Ван Гог. Ова дело ги инспирира
уметниците и вљубениците во уметноста и денес. Последната креација инспирирана од оваа слика е базен.
Камила Деспаланкес и Росио Фернандез од Буенос Аирес ги обоиле ѕидовите на базенот за пливање како „Ѕвездена ноќ“. Се чини дека базените се совршен избор бидејќи небото на сликата од Ван Гог има линии што наликуваат на бранови.
На двете уметници им требале повеќе денови за рачно да ги обојат ѕидовите од базенот. Кога базенот е полн со вода, муралот треба да изгледа како да плови. За оние среќници што ќе пливаат во него, ќе изгледа како да пливаат во небото.
Автор: Ема Тагар
Извор:
mymodernmet.com
Фото: Принтскрин/
Instagram