X
 24.02.2018 Култура

На бензинска пумпа пронајдено ремек-дело

слика
Фото: RMN

Слика на Дегас, украдена во 2009 година од музејот во Марсеј, била пронајдена во автобус во близина на Париз.

Францускиот министер за култура Франсоаз Нисен објави дека властите го пронашле ремек-делото во багажникот на автобус кој застанал на бензинска пумпа на автопатот. Експертите потврдиле дека станува збор за „Les Choristes“, пастелна слика од 1877 година, вредна 800.000 долари.

Ниту еден од патниците не признал дека сликата е негова.

Сликата била украдена од Музејот „Кантини“ во Марсеј во 2009 година, каде што била позајмена од парискиот музеј Д'Орсеј.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура