X
 25.07.2021 Уметност

Изграден е уникатен мост што може да се преместува по потреба

Градот Форт Ворт во Тексас го има најнеобичниот мост во светот. Тој бил направен со финансии од јавна програма за уметност поради недостиг на финансии за инфраструктура, па затоа е комбинација од уметност и инфраструктура.



Мостот бил дизајниран од уметникот Волкан Алканоглу, а бил изграден од дрво и челик. Она што е најинтересно во врска со него е што може да се пренесува од една на друга локација по потреба. Мостот е долг речиси 19 метри.



Засега мостот, кој чинел 375.000 долари, ќе остане на иста локација.

Извор: Fast Company
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност