Институтот за термичка технологија во Москва, руски инженерски и научноистражувачки институт кој е дел од вселенската корпорација „Роскосмос“, го дизајнирал возот „Маглев“ што може да работи во беспилотен режим.
„Маглев“, збор добиен од изразот „магнетна левитација“, е железнички транспортен систем кој користи два комплети магнети: едниот комплет за одбивање и потиснување на возот од пругата, а другиот за поместување на кренатиот воз нанапред, искористувајќи го недостигот на триење.
- Целта на проектот е да се создаде целосен модел за демонстрација на возот за да се проверат и потврдат главните технички карактеристики на новите технолошки решенија поврзани со примената на технологијата маглев - вели главниот дизајнер Јури Соломонов.
Извор:
Tass.com
Фото: Tass.com