На сите нас ни е јасно дека доаѓа времето на роботите, или веќе дојде. Гледаме автомобили со кои не управуваат луѓето и телефонски линии на кои одговараат машините. Економските експерти од Мартин школата при Универзитетот Оксфорд во 2013 година изјавиле дека во период од 20 години повеќе од половина работни места што ги извршуваат луѓето ќе бидат заменети со интелигентна технологија.
Без оглед на тоа дали ни се допаѓа оваа идеја, залудно е да се негира дека децата што денес одат на училиште, во иднина ќе се најдат на пазар на трудот што, во најдобар случај, ќе изгледа сосема различно. Тие сметаат дека канцелариските работни места ќе бидат аутосорсирани преку процесот на дигитализација и замена на работни меса.
Што тогаш, како наставници треба да направиме за да ги подготвиме младите за општество од дигиталната ера? Зголеменото инвестирање во научните, математичките и инженерските дисциплини не е решение бидејќи високотехнолошкото образование има свои ограничувања.
Во иднина ќе се бараат различни вештини. Во светот каде техничката експертиза станува поспецифична, способноста и храброста да се преминат границите помеѓу дисциплините ќе бидат доста ценети. Ќе бидат потребни луѓе кои ќе можат да прашуваат и да даваат одговори на прашања што не би можеле да се изгуглаат. Прашања од типот: кои се етичките импликации на автоматизираната машина? Кои се политичките последици од масовната невработеност? Како треба да се распоредат добрата во дигитализирано општество? Сите ние, како членови на општеството, треба поинтензивно да се занимаваме со ова, од филозофски аспект.
Во 2016 година претседателот на Ирска, Мајкл Д.Хигинс рече: „Предавањето на филозофија е еден од најмоќните алати што ни е на располагање за поттикнување на децата да живеат како слободни и одговорни лица во покомплексен и неизвесен свет“.
Тој нагласи дека филозофијата во училницата претставува пат кон хуманистичката и виталната култура на демократијата.
Откако Ирска се соочи со сериозна финансиска криза во 2013 година, тој започна иницијатива за организирање на дебати за вредностите што се важни за луѓето во оваа земја. Резултатите од овие дебати резултираа со тоа што оваа година, филозофијата за првпат била ставена на листата на предмети во ирските училишта.
На учениците на возраст од 12 до 16 години филозофијата како изборен предмет им дала можност да размислуваат за прашања што досега биле отсутни од наставните програми.
Претседателот заедно со неговата сопруга, Сабина Хигинс, која дипломирала филозофија, силно се залагале филозофијата да добие важно место во наставната програма.
Размислувањето и желбата за спознавање на нешто е нешто со кое се раѓаме - иако Аристотел тврдел поинаку. Филозофијата не е универзална работа, како што е на пример сексот или озборувањето. Бертран Расел еднаш рекол: „Повеќето луѓе порадо би умреле отколку би размислувале“. Многумина навистина умреле. Иако сите имаме капацитет за филозофско размислување, потребна е обука и поддршка за животната средина.
Филозофијата е тешка. Подразбира напорна работа под надзор на строг ментор. Подразбира напуштање на личните предрасуди и избегнување на стапици во резонирањето. Го отвора патот кон толеранцијата во дијалогот, но исто така дава можност за визуелизација на различните ставови додека ги ставаме на вага. Филозофијата им помага на децата и возрасните, да поставуваат прашања и да бараат одговори што не е можно да се следат со самоиспитување или со „Твитер“. Филозофијата предност им дава на идеите, а не на егото. И токму поради нејзината кревкост, местото ѝ е, не само во училиштата, туку и во јавната сфера.
Секако, таа нема да ни ги врати нашите работни места. Нема да биде лек за моменталните или идните болести со кои ќе се соочиме. Но можеби ќе нè заштити од неразумни одлуки или неосновано чувство на сигурност.
Филозофијата во училиштата би можела да нè научи како да се свестиме и да ги доведеме во прашање длабоко вкоренетите верувања во нашето општество.