X
 12.04.2015 Технологија

Најдобрите апликации кои ќе ви помогнат во учењето

Не е лесно за студентите да учат денес, опкружени со различни видови на технологија и таблети така што постојано им е одвлечено вниманието. Некои страни за помош во учењето нудат пет минутна пауза. Но, никогаш не се само пет минути, нели?

 

aplikacii


Па, зошто да не се искористи технологијата во борбата против технологијата? Постојат неверојатни апликации кои ќе ви помогнат да учите и да не ви биде одвлечено вниманието.

1. Self Control - Штом студентот седнува на компјутер, тој е изложен на безброј работи што може да ги прави, освен да учи. Но, токму тука доаѓа Self Control. Оваа апликација им овозможува на учениците да ги блокираат пристапот до било која веб страна која им го одвлекува вниманието.

2. Sworkit - Многу студенти се физички активни. Редовното вежбање е важно за одржување на нивото на мозокот, но за време на испитите нема време за овој „луксуз“. Затоа е тука Sworkit. Студентите можат да ја симнат оваа апликација и да вежбаат, а апликацијата им ја дава потребната пауза.

3. Studyroom - Многу студенти имаат чувство дека подобро учат во групи. Учениците можат да ја искористат оваа апликација за да останат поврзани со нивните врсници. Корисниците можат да имаат пристап до белешките на другите студенти, да добијат помош за домашна задача, семинарска итн.

4. Studybuddy - Многу студенти седнуваат да учат околу пет часа дневно, за да откријат дека им биле потребни само два до три часа. Учењето во група е одличен начин за некои студенти, во зависност од тоа дали спаѓаат во спектарот на интровертност или екстровертност. Оваа апликација служи како еден вид на тренет за организирање на тутор.

5. Vocabology - Word of the day - Една од работите потребна на секој студент е проширување на речникот. Кога студентите пишуваат есеи тие често пати користат еден збор повеќе пати. Ова лесно може да резултира во пониска оценка. Но, затоа е тука апликацијата Vocabology која ќе ви помогне да го проширите и изградите вашиот речник. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија