X
 27.01.2018 Технологија

Застрашувачко предупредување: „Технологијата би можела да предизвика трета светска војна!“


Џек Ма
(Фото: AP)


„Технологијата би можела да предизвика трета светска војна ако лидерите не работат заеднички за да ги ублажат негативните ефекти“, изјави вчера кинескиот магнат и сопственик на „Алибаба“, Џек Ма.

„Првата технолошка револуција ја предизвика Првата светска војна, втората технолошка – Втората светска војна, но сега имаме трета технолошка револуција. Ако дојде до трета светска војна, сметам дека таа би требало да биде војна против болестите, загадувањето и сиромаштијата, а не војна против нас самите“ – изјави Џек Ма на Светскиот економски форум во Давос.

Тој додаде и дека трговијата би требало да биде решение за светските проблеми, а не да се користи како оружје.

„Ако ја користите како оружје, најмногу штета би претрпеле младите луѓе и компаниите. Тие ќе бидат ликвидирани, како да сте ги бомбардирале“ – изјави кинескиот милијардер на еден од панелите на форумот во Давос, пренесува „Гардијан“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија