Минималните трошоци на едно семејство во февруари се зголемени за 313 денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка.
Според податоците објавени денеска, вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари.
Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денар и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари.
Најмногу пари, односно 21.219 денари се потребни за храна, а потоа за режиски трошоци, односно плаќање вода, електрична енергија и греење.
Извор: МИА