Девојчињата родени со брат близнак може да имаат длабоки промени во животот благодарение на раното изложување на тестостеронот на братот.
Ново истражување покажува дека жените што ја делеле утробата со машки фетус имаат помала веројатност да завршат училиште или универзитет, а имаат и може помалку да заработуваат кога ќе пораснат.
Научниците откриле влијание и врз бројот на деца и стапки на брак, откако ги разгледале податоците за илјадници близнаци родени во Норвешка.
Ефектите се припишуваат на хипотезата за близначки тестостеронски трансфер, во кој хормоните пренесени кај женските од машките имаат трајни ефекти врз нивното однесување.
Кај животните родени во легла, како стаорците, истражувањата покажале дека женските фетуси изложени на тестостеронот на нивните браќа повеќе се однесувале како мажи.
Додека претходните истражувања посочувале дека сличен ефект може да се случи кај фетусите што заедно се развиваат, тешко е да се демонстрира.
- Машкото однесување, како што е зголемена агресија, било на повисоко ниво кај девојчињата родени со браќа близнаци, но научниците сметаат дека ова еднакво би можело да биде како резултат на растењето со брат.
Во најголемото и најсеопфатно истражување од ваков вид научниците користеле податоци за речиси 14.000 близнаци, вклучувајќи и парови момчиња и девојчиња во кои момчето умрело на рана возраст.
Ова им овозможило да го изолираат влијанието на развојот во матката со машки близнак, без социјалниот притисок девојчето да расте со нив.
- Не покажуваме дека изложените девојчиња се повеќе „машки настроени“ - вели д-р Дејвид Фиглио, еден од коавторите на истражувањето.
- Но, нашите наоди се во согласност со идејата дека пасивната изложеност на пренатален тестостерон ги менува образованието на жените, пазарот на трудот и резултатите од плодноста - додава тој.
Во истражувањето научниците заклучија дека ова е силен доказ дека машките хормони имаат трајно влијание. Истражувачите велат дека нивните резултати се особено релевантни, со оглед на големиот пораст на близнаци во последниве години, што е резултат на порастот на употребата на ин витро оплодување.
- Во суштина, откривме дека постојат интересни долгорочни биолошки
ефекти кај сестрите на брат близнак. Но, дали ги гледаме тие ефекти како „позитивни“ или „негативни“, зависи од културата - вели д-р Кристофер Кузава, уште еден коавтор на истражувањето и антрополог.