Знаете ли како е...?
Да имаш некој во животот кој честопати не сакаш да те погледне, но сепак би му помогнала да скрие мртво тело доколку го побара тоа од тебе.
Да имаш некој со кој го споделуваш разбирањето за чудноста и нефункционалноста на вашето семејство.
Ги имавте истите работи додека растевте, но едната ја сака розовата боја, а другата сака сина.
Срамот да мораш да носиш ист фустан со неа на празниците додека беше мала и да слушаш како роднините се чудат колку си личите.
Колку е убаво да имаш некој што точно знае што сакаш за роденден?
Да имаш сестра значи секогаш да знаеш што треба да носиш на таа забава или на тоа интервју.
Колку е прекрасно да постои уште едно суштество кое е еднакво чудно како тебе?
Сестрата секогаш служи за полесно поднесување на семејните одмори.
Колку е убаво кога може да се истурите на некој кој мора да ви прости и да заборави сè за неколку минути?
Постојано имаш најдобар пријател кој ќе остане со тебе и во добро и во лошо до крајот на животот.
Знаеш ли колку е убаво да имаш сестра?