X
 27.08.2015 Живот

Работи за кои забораваме да им се заблагодариме на нашите сестри

И покрај разликата во годините и безбројните расправии, сестрите секогаш завршуваат како најдобри другарки, создавајќи неверојатна врска која можат да ја имаат само сестрите.

Но, некако забораваме да си заблагодариме една на друга, па сега е вистинскиот момент за тоа.

1. Благодарам што ми беше првата најдобра другарка


Ти благодарам што играше со мене, ме штитеше и се грижеше за мене. Благодарам и што ме малтретираше, исмејуваше и игнорираше, но тоа е сосема друга тема.

2. Благодарам што никогаш не ми судеше


Дури и тогаш кога реагирав како идиот или кога се облекував како идиот.

3. Благодарам што ме остави да правам драма од обичните работи

Типично за тинејџерките, прават драма онаму кадешто ја нема, па ти благодарам што ме оставаше да правам драма и што секогаш беше покрај мене за време на драмата.

4. Благодарам што семејните одмори ги правеше незаборавни


Бидејќи без тебе ќе беше навистина досадно.

5. Благодарам што секогаш ме поддржуваше


Дури и тогаш кога знаеше дека не сум во право. Или полошо, кога лажев.

6. Благодарам што пред мене ги направи „големите“ грешки за да научам што не треба да правам

Сѐ она што ти го направи погрешно, за мене беше вредна лекција која ми покажуваше да не го правам истото.

7. Благодарам што ме научи „возрасни“ работи

Ми помогна за првиот период, првиот бакнеж, првото момче и првиот секс.

8. Благодарам што секогаш си тука за мене, без разлика на тоа што ќе се случи.


За сѐ што сме поминале, за сите успеси и падови, смртни случаи и раѓања, ти секогаш беше тука до мене. Знам дека си само еден повик оддалечена од мене и без разлика на тоа што ќе направам или речам, ти се`уште ќе бидеш покрај мене.

9. Ти благодарам што секогаш си на моја страна

Секогаш си покрај мене. Никогаш не ме критикуваш кога имам лош ден или кога нема да успеам во нешто и никогаш не си љубоморна на мојот успех.

10. И за крај, благодарам што ми си сестра.


Вистинска. Вечна. Единствена.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот