X
 03.06.2022 Живот

84-годишна жена дипломира на факултет по цели 67 години пауза

Дипломирањето е достигнување вредно за славење, без разлика дали се потребни четири, осум, па дури и повеќе години за да се дојде до него. Врачувањето на дипломата е возбудлив момент, но замислете колку би било возбудливо ако тој момент го чекате и сонувате за него цели 67 години.

Бети Сандисон почнала да студира на Универзитетот во Минесота пред речиси седум децении. Во 1955 година таа го напуштила малиот град Ренвил како првата личност од семејството што отишла на факултет. Првично се запишала на факултет за лиценца за нега, програма која траела една година. Потоа продолжила со факултетот додека не го запознала нејзиниот иден сопруг, а во тоа време ѝ недостигале околу 25 кредити за диплома. Следењето на кариерата на нејзиниот сопруг ја спречило да дипломира во следните неколку децении. Исто така, таа се фокусирала на нејзината кариера како медицинска сестра и на одгледувањето на двете ќерки. Сепак, дипломата ѝ останала во нејзиниот ум, па кога се пензионирала, одлучила да продолжи онаму каде што застанала.

- Бев на ручек со пријателите и разговаравме за работи што сакаме да ги направиме пред да умреме. Реков дека отсекогаш сум сакала да дипломирам на факултетот - вели Сандисон.

Многу работи се променија откако Сандисон последен пат беше студентка. Не само што кампусот е многу поголем, туку и Сандисон мораше да научи многу за технологијата, со оглед на тоа што има доста голема улога во образованието.

sestra
Фото: UOFM

Но пандемијата повторно ги уништи нејзините планови кога часовите станаа виртуелни пролетта 2020 година. Сандисон мораше да се повлече.

- Морав да ги напуштам двата класа што се обидов да ги полагам на интернет - објаснува таа.

Но, со крајот на пандемијата се исполни животната желба на оваа жена и на 7 мај 2022 година, на 84-годишна возраст, дипломира за уметности во мултидисциплинарни студии на Колеџот за континуирани и професионални студии.

На видеото може да се слушне како нејзиното семејство ја бодри додека оди преку бината за да ја прифати својата диплома. И покрај многуте предизвици, Сандисон знаеше што сака и остана на тоа додека не го заврши она што го зацрта.

- Треба да го правите она што сакате да го правите и да ги реализирате вашите цели. Не дозволувајте никој да ве спречи - вели таа.



Извор:  Mymodernmet.com
Фото: UOFM
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот