Еднаш годишно илјадници логичари се собираат на настан во пустината. На влезот се наоѓа ѓаволот на разумот, а единствен начин да влезете е да решите една од неговите загатки.
Загатката што се покажува во видео од „ТЕД-ед“ се однесува на еден логичар кој пристигнал на настанот подоцна од другите. Пред неговото пристигнување, ѓаволот им поделил маски во различни бои на сите присутни и им кажал да застанат во круг од кој може да излезат само доколку ја погодат бојата на нивната маска.
Тие го напуштиле кругот во пет групи, а логичарот што пристигнал последен треба да пресмета колку логичари имало во последната група што го напуштила кругот. Едвин Мејер ја објаснува и ја решава загатката во видеото во продолжение.
Извор:
ТЕД-ед
Фото:Принтскрин/Youtube