X
 20.03.2023 Живот

Singular со работилница за кариерен развој на Job Fair 2023

Во рамките на овогодишниот Job Fair организиран од студентската организација BEST, Singular ќе учествува со работилница на тема The future of you: How to be outstanding at work.

Оваа работилница се фокусира на развивање неопходни вештини кои на студентите ќе им помогнат полесно да се вклучат во процесот на вработување, како и да дојдат до посакуваната позиција. Работилницата ќе ја водат Јоана Темелковска, Talent Acquisition Specialist, и Ангел Филов, Tech Lead.



Дел од меките вештини што ќе бидат презентирани се флексибилност во организација на работата и менаџирање на времето. Дополнително, од технички аспект, студентите ќе научат да направат евалуација на клучни способности со цел соодветно да ја насочат и изградат својата кариера во ИТ-сферата.

- Меките вештини се клучни за успешна кариера, но еднакво важно е и студентите да добијат совети и насоки од технички аспект кои ќе им помогнат да донесат одлуки за започнување, продолжување, па дури и пренасочување во рамките на својата ИТ-кариера - вели Ангел Филов, Tech Lead.



Работилницата ќе се одржи в среда, 22 март, во 12 часот во читалницата на ФЕИТ/МФС. Регистрацијата може да ја направите на овој линк.

Singular присуствуваше и со свој штанд на Job Fair, каде што студентите имаа можност да се запознаат со претставници од компанијата и да дознаат повеќе за компаниската култура, достапните кариерни можности, како и за технологиите што се користат при работата.

- Ни претставува огромно задоволство што повторно бевме дел од Best Job Fair каде што имавме шанса да воспоставиме контакт со голем број студенти и да поразговараме за нивните очекувања од идното работно место. Истовремено се обидовме да го претставиме брендот Singular со својот автентичен, динамичен и прогресивен дух што се рефлектира во нашиот начин на работа и продуктно портфолио - вели Елена Михајлоска-Димоска, Head of Communications & Employer Brand.



Студентите што го посетија штандот имаа можност и преку забава да добијат награда со Singular’s Wheel of Fortune, што претставува само мал sneak peek на продуктите зад кои стои компанијата. Портфолиото на Singular вклучува софтверски решенија за игри на среќа, спортско обложување и гејминг кои за брзо прераснаа во лидери во својата индустрија.

Во 2021, врвниот квалитет, како и посветеноста на тимот кон иновација и успех, овозможија Singular да се вклучи во интернационалната дивизија на Flutter Entertainment Plc. Групација е светски познат лидер во онлајн спортско обложување и гејминг во чие портфолио спаѓаат најиновативните брендови од овој сектор.



Аквизацијата донесе многу придобивки за вработените, меѓу кои развивање на својата кариера преку соработка со тимови од светски познати компании, бизнис-патувања и работилници, размена на знаење и пристап до работни места низ сите канцеларии на Flutter во осум држави. Целосниот пакет на придобивки ќе биде наскоро објавен, со што Singular ќе се позиционира како пионер и поддржувач на работната култура што го подобрува балансот меѓу професионален и приватен живот.

Доколку сакаш да се приклучиш на тимот на Singular, посети ја нивната веб-страница: culture.singular.uk



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот