Приказната на Singular која во Македонија започна пред 3 години со тим од шест луѓе, бележи експоненцијален пораст со амбицијa за континуиран напредок. Со седиште во Валета, Малта, Singular оперира во iGaming и FinTech индустријата, а посебен фокус и успех има со развој на платформи и решенија за оператори на игри на среќа.
Повеќе за успехот на компанијата и културата што Singular ја негува, во интервјуто со Дарко Гацов, управителот на компанијата во Македонија.
Факултети.мк: Три години на македонскиот пазар, а веќе седум години од почетоците на Singular. Кои се главните причини за успехот на компанијата?
Упорност и издржливост. Силна волја да продолжиме после секој пад. Луѓето кои го прават Singular она што е денес. Лекциите кои ги научивме од сопствените грешки. Гладта за нови предизвици. Непомирување со просечноста. Поместување на границите, нашите и на реалноста. Пожртвуваност. Препознавање на сопствените слабости. Преземање ризици. Уживање во она што го правиме, и нормално, забава.
Факултети.мк: Како би ја опишале корпоративната култура на Сингулар со три збора?
Тимска работа, личен развој, ефективна комуникација...
Многу внимание посветуваме на ова поле, затоа е тешко да се опише со три збора… да се обидам со еден - СИНГУЛАРСКА корпоративна култура.
Факултети.мк: Какви карактеристики треба да поседува една личност за да стане идеален член на тимот?
Сакам кога луѓето се идентификуваат со визијата и со компанијата. Во Singular „ние“ секогаш доаѓа пред „јас“. Страста кон работата ја прави целата разлика. Луѓе кои постојано изнаоѓаат креативни начини за подобрување на компанијата и она за што се
залагаме и кои одат чекор подалеку од сите за да ги постигнат заедничките цели. Луѓе од кои и јас можам да учам, кои одново и одново ме изненадуваат со нивната посветеност кон личниот раст и беспрекорен квалитет на нивните резултати. Едноставно, луѓе на кои им верувам и на кои можам да се потпрам во секое време.
Факултети.мк: Што го прави Singular интересно место за работа?
Singular на прв поглед наликува на едно чудно и налудничаво семејство кое сепак на крајот на денот успева на чудесен начин да постигне хармоничен успех :) Ние сме компанија која е инволвирана во креација на свои производи од самиот почеток, креирање на идејата до нејзината имплементација и понатамошно надградување. Чувството кога си дел од реализацијата на својата идеја е непроценливо. Дополнително, во Singular нема класична хиерархиска структура, што меѓу другото значи дека подджуваме и охрабруваме мислења од сите членови на тимот. Различни тимови имаат различна перспектива и поради тоа комбинираниот фидбек заедно со заедничките идеи се клуч за успехот и често се пресуден фактор за раст на компанијата.
Факултети.мк: Кои ќе бидат клучни предизвици со кои ќе се соочите во годините кои следат?
Континуиран напредок и иновација се секогаш дел од предизвикот за секоја компанија. За среќа, иновативниот пристап е наша силна страна. Тоа што јас го гледам како предизвик е сихронизација на брзиот раст на Singular со подобрување на соработката со нашите клиенти. Многу е важно да не се прават отстапки од долгорочната визија на компанијата, да останеме доследни до квалитетот, нашата корпоративна култура, вредностите и флексибилниот бизнис модел.
Факултети.мк: Кои се вашите планови за компанијата во Македонија?
Singular е веќе добро познат бренд на глобалниот iGaming пазар, но она што посебно ме радува е фактот дека само после 3 години Singular стана препознатлив бренд и во ИТ индустријата во Македонија. Сакаме да продолжиме во таа насока привлекувајќи го
најдобриот талент и овозможувајќи континуиран напредок и раст на нивното знаење.
Наша цел е да е да создадеме работна околина во која се негува култура на самоунапредување, проактивност и тимски дух, постојано предизвикувајќи ги нормите на индустријата во која работиме.
Факултети.мк: Што те држи буден навечер?
Ако подолго време нема мисла или идеја што ме држи буден навечер, би се загрижил. Доколку работите одат цело време глатко, тоа би било илузија која значи дека премногу сум се опуштил во сопствената комфорна зона. Всушност, доцните часови се мое време за рефлектирање и работа на задачи кои бараат потполен фокус без прекини. Понекогаш тоа подразбира креативна работа, но морам да признаам некогаш може да биде и одговарање на долги, не многу интересни мејлови.
Факултети.мк: Од каде ја црпиш упорноста и мотивацијата на секојдневно ниво?
Факт е дека го сакам тоа што го работам, но исто така сум фасциниран и истовремено инспириран од брзиот развој и промени кои се одвиваат во iGaming индустријата. Силната волја е тесно поврзана и со мојата постојана желба и љубопитност за учење на нови работи и стекнувње на нови знаења. “Уффф...тешко дека тоа може да се направи” кога ќе ја слушнам оваа фраза добивам екстра мотивација... најверојатно поради предизвикот.
Факултети.мк: За крај, твојот совет за нашите читатели?
Излезете надвор од комфорната зона. Не заборавајте дека удобноста е најголемиот непријател на напредокот.
Денес, покрај двете главни развојни бази во Тбилиси и Скопје, Singular е присутна и во Лондон и Валета, а во план е и отварање на претставништво во Сан Франциско и Киев.