X
 19.05.2021 Живот

Мај – месец посветен на менталното здравје: искуство од ИТ-компанијата Singular

Менталното здравје ги вклучува нашата емоционална, психолошка и социјална добросостојба. Грижата за менталното здравје на работното место претставува обезбедување здрава и позитивна работна атмосфера. Со други зборови, атмосфера во која вработените имаат јасна слика за своите обврски и одговорности, а истовремено чувствуваат поддршка и знаат дека секогаш можат отворено да комуницираат за своите потреби и да добијат помош кога им е потребна.

Повеќе од една година живееме и работиме во нови и непредвидливи услови кои го загрозуваат нашето здравје, но и здравјето на нашите блиски. Овие услови предизвикаа значителни промени во секојдневниот живот, како приватниот така и професионалниот. За многумина, една од најголемите промени беше приспособување на новото работно место – работното „ќоше“ во сопствениот дом.

Но, и покрај тешките услови, Singular како фирма расте и прогресира, а тимот се зголеми за повеќе од 70 нови членови. Организациската структура и културата на Singular ни овозможиja олеснета транзиција на работењето од канцеларија во домашни услови. Понатаму, најголемиот дел од нашите работни активности и внатрешни процеси се базираат на работа со онлајн-алатки, што дополнително придонесе работата да продолжи непречено.

Оваа година вистинскиот предизвик беше да се одржат тимскиот дух, мотивацијата и социјалната интеракција во новонастанатата ситуација.

Грижа за вработените: вредност што Singular ја негува

- Во Singular еднакво даваме важност на грижата за менталното и на физичкото здравје на вработените. Се стремиме да обезбедиме позитивна работна средина која се одликува со транспарентност, флексибилност, емпатија и разбирање кон вработените и нивните потреби, како и ресурси за истото - вели Елена Инадеска-Аврамовска, ЧР-менаџер на канцеларијата на Singular во Скопје.


Елена Инадеска-Аврамовска, ЧР-менаџер на канцеларијата на Singular во Скопје

Сепак, последиците од моменталната ситуација, како загриженоста, стравот и намалената социјализација, кај многу луѓе предизвикаа стрес, анксиозност, вознемиреност или чувство на изолираност.

Работењето од дома значи да бидеш сам/а во една соба осум часа во денот. Со тоа, социјалната интеракција не само што стана „вештачка“ туку и значително се намали. Но, оваа пречка ние ја претворивме во шанса за зближување на тимовите во време кога тоа се чини навистина тешко.

Што преземаме за подобрување на добросостојбата на вработените

Психолошки истражувања укажуваат на тоа дека со подобрување на здравјето и добросостојбата на вработените не само што се подобрува нивниот квалитет на живот, туку и се зголемуваат мотивацијата, ангажираноста, продуктивноста и енергијата за работа.


Singular #PartyAtHome: Celebrating Lucky 7

Зa таа цел, тековно организираме активности кои ја одржуваат интеракцијата и забавата што некогаш ја имавме во канцеларија. Преку различни интерактивни натпревари и виртуелни прослави се обидовме на најдобар можен начин да ги задржиме ведриот дух, чувството на припадност и социјалниот елемент на нашата компанија.


Интерактивни натпревари на различни теми: предноводишно, велигденски и на тема - готвење

Исто така, презедовме чекори да ги мотивираме нашите колеги на поголема физичка активност која е значително намалена со работењето од дома. Организиравме онлајн-тренинзи, трипати во неделата, со Надица Јовановиќ, HIIT тренер од FitKit.

Редовната физичка активност ја зголемува нашата енергија и нѐ ослободува од стресот, вознемиреноста и негативното расположение. Ослободени од негативни емоции, работиме поефективно и избегнуваме стресни ситуации на работа.

Улогата на комуникацијата на работното место за нашето ментално здравје


Singular секогаш негува транспарентна комуникација со вработените, меѓутоа, ова доби на особена важност изминатата година. Од таа причина, покрај виртуелните забави, презедовме иницијатива да се собереме сите канцеларии на еден “call” од формален карактер - под мотото „Еден тим, три канцеларии - Скопје, Тбилиси, Слиема.“


Еден тим, три канцеларии - Скопје, Тбилиси, Слиема

На овој виртуелен настан ги споделивме сите заеднички предизвици и успеси од минатата година со цел зајакнување на чувството на единство меѓу тимовите. Понатаму, менаџментот ја сподели визијата за претстојната година и плановите за секој тим овозможувајќи сите вработени да бидат информирани и активно да учествуваат во разговорот.

Свесни дека секогаш има простор за подобрување, неодамна имавме разговор на тема „Комуникација“ со Тиана Ивановска, лиценциран психолог, тренер за меки вештини и основач на „СебеСложувалка“.

Тиана нѐ запозна со основите на комуникацијата и разговаравме за нејзината важност не само за приватниот, туку и за професионалниот живот. Разгледавме пример-сценарија за тоа како треба да се поставиме во одредени ситуации на работното место.


Разговор на тема „Комуникација“ со Тиана Ивановска од „СебеСложувалка“

Интересно е да се воочи со психолог како правилно да постапиме во ситуации што можат негативно да влијаат врз нашето ментално здравје. На овој начин учиме како да се справиме во иднина и да избегнеме „мискомуникација“ со нашите колеги, а со тоа да придонесеме кон поздрава работна атмосфера.

Singular ќе продолжи со работа од дома и нашите онлајн-активности ќе продолжат сè додека не е безбедно да се работи во канцеларија. Благодарни сме им на нашите вработени за нивните придонеси, професионалност и напорна работа.

Подобрувањето на менталното здравје на вработените доведува до помотивирани, попродуктивни и најбитно - посреќни вработени, кои се задоволни на своето работно место. Грижата за вработените е наш приоритет и иако зазема различни облици приспособени на моменталната ситуација, никогаш не престанува.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот