X
 25.07.2020 Образование

Професор одржал испит во ладовина под орев

Иван Боричиќ, професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград, Србија, одржал испит под ладовината на орев, кој благовремено им го најавил на студентите.

Меѓу известувањата на страницата на факултетот се нашло и она каде што професорот најавува на кој начин ќе ги испрашува студентите, со оглед на ситуацијата со коронавирусот, а ќе признаете и дека така е попријатно.

По одржаниот испит на социјалните мрежи осамнаа фотографии кои покажуваа дека професорот си го одржал зборот. Тој навистина ги испрашувал студентите под орев и стана хит меѓу студентите.

Извор и насловна фотографија: Noizz
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование