До 27 април трае пријавувањето за 14. Виз ер Скопски маратон, кој ќе се одржи на 6 мај. Mаратон, полумаратон, штафетeн маратон и трката на 5 километри се дисциплините што ви се на располагање. За повеќе детали и за пријавување, може да се посети официјалната веб-страница на Виз ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk и преку партнерот за онлајн-регистрација https://www.smartrace.club/.
Исто така, сѐ уште е отворен и повикот за волонтирање (http://skopskimaraton.com.mk/volonteri).
Годинава во соработка со eventbaxx од Германија маратонот воведе дигитален стартен пакет кој ќе ги замени хартиените материјали со цел да се зголеми заштитата на животната средина. Сепак, во стартниот пакет, зависно на која трка се пријавени учесниците, се вклучени маици со лого од трката, стартен број со чип, дигиталниот стартен пакет од eventbaxx, освежување, онлајн-диплома, осигурување од несреќен случај за времетраење на маратонот и подарок од партнерите.
Главен промотор на маратонот годинава ќе биде светската рекордерка Пола Редклиф.
Виз ер Скопски маратон се одржува со поддршка на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Делегацијата на ЕУ, спонзори и партнери.