X
 29.09.2021 Живот

В недела ќе се одржи Скопскиот маратон, еве по кои улици ќе се трча

В недела ќе се одржи Виз ер - Скопскиот маратон за 2021 година.

Седумнаесеттиот Скопски маратон ќе се одржи со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од ковид-19. Според организаторите, пријавени се околу 7.000 натпреварувачи од 40 земји од светот, со особен фокус на домашните атлетичари.

Од Град Скопје соопштија дека стартот на полумаратонот, маратонот и штафетниот маратон ќе биде на 3 октомври (недела) во 8 часот, додека стартот на трката на 5.000 метри е во 8:10 часот од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Натпреварувачите ќе трчаат од стартот, по улицата Бледски договор до булеварот Илинден, десно по булеварот до крстосницата со улицата Љубљанска и по неа право на Московска, па десно по улицата Војвода Васил Чакаларов, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ се продолжува право по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, по улиците Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Крушевска Република, Трета македонска бригада, Фрањо Клуз, булеварот Јане Сандански до крајот (раскрсница со булевар Србија), пред семафорот со булевар Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по булевар Јане Сандански, Фрањо Клуз, Трета македонска бригада, Крушевска Република, 11 Октомври, по Димитрие Чуповски до раскрсницата десно на булевар Свети Климент Охридски до булевар Илинден, лево кај Влада на Република Северна Македонија до целта, платото пред СЦ „Борис Трајковски“.

фото: архива

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот