X
 20.04.2019 Технологија

„Инстаграм“ размислува за укинување на популарна функција

„Инстаграм“ наводно ќе го укине копчето за лајкови на фотографиите, за публиката да не може да види на колку луѓе му се допаднал одреден пост. Оваа необјавена функција ја забележала Џејн Вонг, која проучува компјутерски кодови. Тестот вели дека „Инстаграм“ сака вашите следбеници да се фокусираат на она што го споделувате, а не колку лајкови ќе добие вашиот пост. Единствено личноста што ја споделила фотографијата ќе може да види колку лајкови добила.

Од „Инстаграм“ велат дека не ја тестирале оваа функција.

- Не ја тестираме функцијата во моментот, но истражувањето на начините како да го намалиме притисокот е нешто на кое постојано размислуваме - изјави портпаролот на „Инстаграм“.

Деталите за тестирањето се појавија по неколку дена откако весникот „Индепендент“ посочи дека Канцеларијата на британскиот информативен комесар препорачува социјалните платформи како „Инстаграм“, „Фејсбук“ и други треба да нудат опција да се исклучат лајковите што ги охрабруваат корисниците да продолжат да постираат. Агенцијата сака да ги забрани овие функции со цел да ја заштити безбедноста и приватноста на најмладите корисници на платформите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија