X
 25.01.2020 Технологија

Камера што фотографира проѕирни предмети

Лихонг Ванг од Калифорнискиот институт за технологија веќе ја создаде најбрзата камера во светот. Овој уред би можел да направи десет милијарди слики во секунда. Иако звучи неверојатно импресивно, што и е, камерата има ограничувања.

Сега Ванг создаде нова камера која има помала брзина (една милијарда слики во секунда), но може да направи фотографии од проѕирни предмети. Оваа нова камера ја комбинира технологијата на претходната, со постарата технологија наречена фазно-контрастна микроскопија.

Фазно-контрастната микроскопија е прилично стара - има повеќе од 100 години кога првпат била употребена. Ја создал холандскиот физичар Фриц Зернике за да набљудува проѕирни материјали.

Работи така што се набљудуваат светлосните бранови кои забавуваат додека влегуваат во различни материјали.

- Ако имаме мрежа на неврони, можеби ќе ја видиме нивната комуникација во реално време. Ја приспособивме стандардната фазно-контрастна микроскопија така што ќе овозможува брзо снимање, што ни овозможува да видиме ултрабрзи појави во проѕирните материјали - вели Ванг.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија