X
 25.04.2016 Образование

Секојдневната борба за образование на учениците од Непал

Два масивни земјотреси го опустошија Непал во рок од 17 дена минатата година. Земјотресите одведоа 9.000 луѓе и рушија половина милион домови. Исто така, земјотресите уништија 35.000 училници, оставајќи 1 милион деца без пристап до образование.

 

1


Непал полека се опоравува, меѓутоа децата се`уште водат секојдневна борба со одењето на училиште. Видеото подолу ги прикажува импровизираните училишта во земјата и патувањата кои учениците ги имаат за да стигнат до некакво образование.

Децата кои не одат на училиште во подолг временски период имаат поголема изложеност на опасни околности, како на детски труд и трговија, особено во земјите во развој како Непал.

 

2


Иако меѓународните донатори ветија 4.1 милијарди долари во Непал минатота пролет, земјата е бавна во распоредување на средствата. Додека глобалните волонтерски и невладини огранизации изградија привремени центри за учење за да им помогнат на децата да добијат образование, ниту едно училиште не е изградено во земјата. Само 30% од децата успеале да се вратат на импровизираните клупи.

Видеото покажува група на ученици кои преминуваат река во областа Дхадинг. Тие користат метални гајби со две жици како имрповизирана жичарница за да ја преминат реката. И покрај трагедиите и потешкотиите, децата сепак се решени да одат на училиште.

 

2


„Децата сакаат да одат на училиште. Тие пешачат по шест часа на ден за да стигнат до нивното училиште. Тоа е апсолутна одлучност бидејќи сакаат да имаат можност да го обноват сопствениот живот и да имаат подобра иднина“, вели Клер Вилкинсон, комуникациски менаџер во „Theirworld“.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование