X
 17.01.2017 Наука

Зошто личиме на нашите родители?

Каков татко таква ќерка или каква мајка таков син. Дали навистина е така и што се случува во генетските кодови кога и двата родители имаат зелени очи, а добиваат дете со сини очи?

Станува збор за генетиката, која прави интересни комбинации на хромозоми, дури и ако родителите ги немаат тие карактеристики. Истражувањата од Универзитетот Стенфорд покажува како доаѓа наследувањето на бојата на очите, но и други црти и карактеристики.

Освен во неколку посебни случаи, не е посебно предодредено што ни даваат родителите, односно што од кој наследуваме. Ако се работи за доминантни гени, тие ќе бидат доминантни без разлика дали доаѓаат од мајката или таткото. Ако вашиот татко има доминантен ген за бојата на очите, ќе ја наследите истата боја од него. Но, ако се работи за рецесивен ген, децата можат да имаат боја на очите која нивните родители ја немаат и да имаат целосно нов ген. Тоа објаснува зошто некогаш децата се русокоси со сини очи, а нивните родители немаат таква коса и очи.

Генетиката е прилично комплицирана работа. Единствената работа која ја знаеме е дека секогаш повеќе личиме на еден од родителите, што повторно зависи од комбинација на гени кои ги добиваме преку родителите.

majka kerka
Фото: Freepik

Така на пример, детето има мајка со кафеави очи и татко со сини очи. Со оглед на тоа што кафеавите очи се доминантни, мајката може да има ген за кафеави очи или еден ген за една, друг ген за друга боја на очите. За полесно објаснување, да речеме дека ќе ги има и двата гени за кафеава боја. Со оглед на тоа што таткото има сини очи, тој има две копии од рецесивни гени за сини очи.

Секој родител ќе пренесе една копија на гени на своето дете. Во овој случај, мајката ќе го пренесе доминантниот ген, а таткото рецесивниот. Тоа значи дека детето ќе има боја на очите како мајката. Токму заради тоа што таа имала доминантен ген. Истиот случај е и ако таткото има доминантен пар гени, бидејќи тогаш детето повторно добива генетски пар кој е подоминантен, што автоматски значи дека ќе ја наследи бојата на очите од родителите.

Истражувањето од Стенфорд исто така потврдува дека децата од мајката наследуваат само еден Х хромозом, кој е богат со гените кои влијаат врз физичкиот изглед. Х хромозомот на таткото ги нема овие гени па така момчињата може повеќе да личат на мајката, а девојчињата не мора да значи дека личат на таткото, бидејќи добиваат по еден Х хромозом од двата родители.

Големите уши обично доаѓаат од таткото, додека косата и нејзиниот квалитет, од мајката. Ако сте машко, погледнете го вашиот вујко и ќе ви биде јасно како вашата коса ќе изгледа во подоцнежните години. Карактеристиките пак се заслуга на двата родители, па не го обвинувајте вашиот сопруг ако видите дека вашето дете е тврдоглаво.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука