X
 20.05.2018 Технологија

Највредните приватни технолошки компании во светот

Технолошките компании продолжуваат да бидат едни од највредните приватни компании во светот, покажува последната листа на „PitchBook“ за највисоко оценети компании финансирани со ризичен капитал.

На врвот на листата е „Uber“, но кинескиот конкурент „DiDi“ му е веднаш зад петици. Од вкупно 26 технолошки компании, 12 се надвор од САД, а седиштата на десет компании се во Кина.

Еве ги десетте највредни технолошки компании во светот, од најниската во највисоката вредност.

10. „Pinterest“: 12,3 милијарди долари

Социјалната платформа за споделување слики, која е базирана во Сан Франциско, во јуни 2017 година покрена 150 милиони долари благодарение на Emerson Collective, Coffin Capital & Ventures, SharesPost, Sinai Ventures и други непознати инвеститори.

Фото: Business Insider

9. „Pinduoduo“: 15 милијарди долари

Ова е кинеска платформа за попусти која во април 2018 година покрена три милијарди долари во рунда предводена од „Tencent Holdings“.

8. „Toutiao“: 20 милијарди долари

Оваа кинеска апликација за вести покрена две милијарди долари во 2017 година во финансиска рунда предводена од General Atlantic.

Фото: Business Insider

7. „Palantir“: 20,5 милијарди долари

Оваа компанија развива платформи за собирање и анализирање податоци за владини агенции и приватни претприемачи. Во 2016 година покрена 20 милиони долари благодарение на финансиите од Decacorn Capital, Oceanic Partners, Prometheus Capital и непознати инвеститори.

6. „WeWork“: 21,1 милијарда долари

Оваа американска компанија, која нуди заеднички простор за работа на претприемачи, фриленсери, сопственици на стартапи и мали бизниси, минатата година покрена три милијарди долари во рунда предводена од SoftBank Group.

5. „SpaceX“: 24,7 милијарди долари

Компанијата на Илон Маск неодамна заврши финансиска рунда од 214 милиони долари, предводена од „Fidelity Investments“.

Фото: Business Insider

4. „Meituan-Dianping“: 30 милијарди долари

Ова е онлајн-пазар за услужни дејности, карти и резервации за ресторани во Кина и во 2017 година комплетира рунда од четири милијарди долари предводена од Tencent.

3. „Airbnb“: 31 милијарда долари


Оваа компанија за онлајн-изнајмување својата последна финансиска рунда ја заврши во 2015 година, кога покрена 1,6 милијарда долари во договор со General Atlantic, Hillhouse Capital и Tiger Gobal Management.

Фото: Business Insider

2. „Didi Chuxing“: 56 милијарди долари

Креаторот на најголемата апликација за транспорт во Кина, „Didi Chuxing“, во февруари покрена 4,6 милијарди долари благодарение на рунда предводена од Softbank Capital, Mubadala Development и JUMP Investors.

Фото: Business Insider

1. „Uber“ - 69,9 милијарди долари

На врвот на листата е најголемата транспортна компанија во САД, која подигна 1,3 милијарда долари во јануари 2018 година во дискретна инвестициска рунда (со која бизнисите или другите претприемништва земаат пари за да финансираат операции, проширување или друга бизнис-цел) предводена од „SoftBank Group“.

Извршниот директор на „Uber“, Дара Косровшахи
Фото: Business Insider
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија