X
 05.02.2021 Живот

Една третина од вработените во технолошките компании работат по 3-4 часа на ден

Со години се дебатира дали осумчасовниот работен ден е пристап што треба да продолжи да се користи или треба целосно да се отфрли. За да се спроведе таква дискусија докрај, потребно е искрено да одговориме на прашањето: Колку часа работиме продуктивно?

Ова прашање било поставено на платформата „Блајнд“, на која работниците можат анонимно да одговараат на анкетите или да ги истражуваат своите работодавци.

Ова е популарно прашање во време кога се работи многу подолго отколку што се работеше пред пандемијата.

Оние што имаа среќа да го зачуваат своето работно место, пријавиле дека работат многу повеќе часови сега кога нивното работно место е од нивниот дом затоа што не патуваат до работа. Од друга страна, работниците во продавниците или здравствените установи доживеаја нагло зголемување на побарувачката за нивните услуги.

Сето тоа ја зголеми продуктивноста, но исто така и анксиозноста и исцрпеноста, особено кај жените, кои не само што работат повеќе часови туку тоа го прават паралелно со чувањето деца дома. Тие се плашат дека ако не го поминат времето работејќи, ќе ја изгубат својата позиција.

rabota
Фото: Freepik

Очигледно тие не се наоѓаат меѓу 31 отсто од вработените во 42 технолошки компании кои на прашањето за работното време изјавиле дека работат помеѓу три и четири часа на ден. Покрај тоа, истражувањето покажа дека 27 отсто од експертите за технологија рекле дека работат од 5 до 6 часа на ден, а 11 отсто рекле дека работат само 1 до 2 часа на ден. Спротивно на тоа, 30 отсто изјавиле дека работат помеѓу 7 и 10 часа на ден.

Во истражувањето не била испитана продуктивноста бидејќи варира од личност до личност.

Иако одговорите главно беа на шега, еден вработен во „Амазон“ напиша:

- „Амазон“ бара најмалку 10 часа работа на ден, со исклучоци, на пример, помалку работа во петок или повеќе работа во текот на викендот. За време на пандемијата, работам многу повеќе, календарот е полн со обврски и раководството бара повеќе.

Во меѓувреме, вработените во „Фејсбук“ велат:

- Ако се сметаат состаноците, тогаш се работи околу 10 часа. Но, ако не се сметаат состаноците, тогаш околу еден час.

Извор: Fast Company
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот