X
 25.02.2021 Образование

Средно училиште инспирирано од дизајнот на канцелариите на технолошките компании

Средното училиште „Рансом Еверглејдс“ се наоѓа во Мајами. Најновата зграда во рамките на училишниот кампус е фокусирана на науката, технологијата, инженерството и математиката, а наликува на модерните канцелариски простории во Силициумската долина.

Едукаторите во училиштето сакале модерен изглед на зграда во која секој простор ќе биде искористен за учење. За архитектонската фирма „Перкинс енд Вил“, инспирација биле американските корпорации. Водејќи се од претходните искуства со корпорации за кои дизајнирала простор за истражување и соработка, фирмата дизајнирала зграда за училиштето која повеќе личи на седиште на технолошка фирма отколку на училиште.



Во зградата има технолошки опремени училници, простор за создавање и работа, како и лаборатории за роботика, хемија и биологија. Училниците се флексибилни бидејќи големите врати може да се отворат за да се создаде повеќе простор за ученици.

Во зградата може да се руча, дружи и да се учи, а внатрешните ѕидови се проѕирни, но и функционираат како табли за пишување.

Зградата била завршена во ноември. Повеќе фотографии од училиштето може да најдете овде.

Автор. Нејт Берџ
Извор: fastcompany.com
Фото: Perkins and Will
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование