Поправката спроведена на резервоар во Италија открила остатоци од село кое било потопено со децении.
Езерото Ресија, на северот од земјата, е најпознато по црковниот врв што „ѕирка“ од студената вода. Оваа сцена дури и инспирираше книга и серија на „Нетфликс“.
Но, со привремена дренажа на езерото локалното население можело да ги види последните траги од Курон, село кое некогаш било дом на стотици жители пред да биде
поплавено за да се создаде хидроцентрала во 1950 година.
Езерото Ресија се наоѓа во Јужен Тирол, алпскиот регион што се граничи со Австрија и Швајцарија.
На фотографиите споделени на социјалните мрежи се гледааатт скали, визби и ѕидови од она што нормално би било коритото на езерото, во близина на препознатливата црковна кула од 14 век.
Луиза Ацоилини, која е од овој регион, на својот твитер-профил објави дека е чудно чувството да се шета меѓу урнатините на поранешното село.
Селото Курон било поплавено во 1950 година кога властите одлучиле да изградат брана и да спојат две блиски езера, и покрај приговорите на жителите.
Биле потопени повеќе од 160 куќи, а населението на Курон било иселено иако некои од нив одлучиле да останат во новото село што било создадено во близина.
Денес езерото е популарно меѓу планинарите во лето, а посетителите во зима можат да одат по замрзнатата површина за да стигнат до врвот на црквата.
Извор:
BBC
Фото:
Twitter/Luisa Azzolini