X
 25.11.2016 Живот

Жителите на едно шпанско село станале милионери преку ноќ

Сите 80 жители на малото шпанско село Церезалес дел Кондадо неодамна станале милионери и тоа благодарение на само еден човек и неговиот тестамент.


Антонио Фернандез, милијардер и филантроп, починал во август во 100-та година од својот живот, а во својот тестамент оставил 200 милиони евра на жителите на селото во кое израснал. Секој жител добил по 2,3 милиони евра, а останатото е за други трошоци, како што е новиот културен центар.

Роден во 1917-та година, уште од 14 години морал да го напушти образувањето. Имено, бил еден од 13-те деца во семејството и неговите родители едноставно не можеле да си дозволат образование за сите свои деца. Нешто подоцна се оженил за Цинија Гонзалес Диез и на 32 години емигрирал во Мексико каде што се вработил во компанијата на неговиот вујко „Групо Модело“ (која го произведува пивото „Корона“).

До 1971 година напредувал до позицијата CEO и помогнал „Корона“ да стане не само најпопуларно мексиканско пиво, туку и голем извозен феномен. Го извезувале и во неговата родна Шпанија, под името „Коронита“. „Корона Екстра“ пак е второто најувезено пиво во Америка со годишна продажба од речиси 700 милиони долари.


Фернандез никогаш не го заборавил своето родно место, а поранешниот шпански крал Хуан Карлос за неговата хуманитарна работа и го одликувал. Меѓутоа, дури по неговата смрт, жителите на селото во кое израснал сфатиле колку тој всушност го сакал местото. Сега мселото ќе добие потполно нов културен центар, исто така платен од наследството, а ќе профитира и локалната организација и сите нејзини работници.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот