X
 12.05.2020 Живот

Набљудување на ѕвездите од стаклени кабини во прекрасен нордиски предел

Во близина на Рејкјавик, Исланд,  компанијата „ÖÖD“ постави две луксузни стаклени кабини во спектакуларниот нордиски предел.

Благодарение на соработката со „Панорама глас лоџ“, посетителите сега можат да изнајмат кабини за уникатен одмор. Предниот дел од кабината е со стакло и ги кани гостите да уживаат во околината што ги опкружува, додека престојуваат во затворен простор.

2

3

- „ÖÖD Исланд“ е куќа со транспарентно стакло што ви овозможува неверојатна удобност во вашиот дом и кревет. Апокалиптичната глетка е драматична: со силни завивачки ветрови додека вие уживате во пријатната кабина. Нуди совршено бегство од овој свет - вели Андреас Тик, извршен директор на „ÖÖD“.

6

7

Задниот дел од кабината, кој има и дневна и отворена кујна и бања, е направен од дрво. Целта на „ÖÖD“ е да создаде кабина пријатна и функционална - аспект што е важен за толку мал простор сместен во сурова околина. На пример, прозорците на покривот се изработени од „топло стакло“, кое работи со електрична струја и метални оксиди поставени на една страна од стаклото. Ова му овозможува да го загрева целиот простор, како и да ги топи мразот и снегот. Неговите антикондензациски својства придонесуваат гостите секогаш да имаат јасен поглед на небото.

8

9

Извор: My Modern Met
Фото: Facebook | Instagram | ÖÖD
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот