X
 27.07.2023 Живот

Шинед О'Конор: „Никој не може да застане меѓу мене и мојот микрофон“

Вчера, на 56-годишна возраст, почина ирската пејачка Шинед О'Конор. Таа стекна светска слава во 90-тите години на минатиот век, а во текот на нејзината кариера беше гласен активист за политиката, религијата и менталното здравје, меѓу другото. Во продолжение се дел од нејзините најпознати цитати.

- Самоубиството не ги решава вашите проблеми. Тоа само ги прави бесконечно, неизбројливо полоши.

- Не правам ништо за да предизвикам проблеми. Само се случува тоа што го правам природно да предизвикува проблеми. Горда сум што сум бељаџика.

- Кога пеам, тоа е најосамена состојба: само јас и микрофонот и Светиот дух. Не е за ноти или скали, сѐ е за емоцијата.

- Би можела да застанам на улица и да пеам и ќе заработам доволно за да ги платам сметките. Не ми требаат милиони долари.

- Повеќе не барам да бидам позната личност и наместо тоа сакам да живеам нормален живот.

- Да кажеш што чувствуваш е копање на сопствениот гроб.

- Никој не може да застане меѓу мене и мојот микрофон.

- Не се чувствувам своја доколку главата не ми е избричена. Затоа дури и кога ќе бидам стара баба, ќе ми биде таква.

Извор: Brainy quote
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот