Зошто обожаваме да ги цитираме луѓето? Ако цитатите доаѓаат од познати или искусни поединци, тоа е инспиративно затоа што ако тие можат да научат лекции од одредена ситуација, тогаш можеме и ние.
За да се потсетиме колку инженерството е уникатно поле на експертиза, во продолжение ви нудиме неколку цитати поврзани со инженерството.
„
Неуспехот е од централно значење за инженерството. Секоја пресметка што ја прави инженерот е пресметка со грешка. Успешното инженерство е поврзано со разбирање за тоа како работите се кршат или не успеваат“ - Хенри Петроски
Цитатот потсетува дека инженерството не е поврзано со донесување совршени одлуки. Секојпат кога некој нема да успее, вие имате можност да разберете нешто повеќе, со што нема да ја направите истата грешка и ќе бидете чекор поблизу до пронаоѓање на одговорот.
„Бев првата жена инженер во ’Гугл‘“ - Мариса Мејер
Инженерството ја отвора вратата за толку многу таленти на луѓето. Ова не се однесува само на жена како Мариса, туку на секој што сака да планира и да создава. Станува збор за стимулирачко поле каде што ќе бидете охрабрени да размислувате на многу повисоко ниво.
„Она што е магијата за еден човек, за друг е инженерството“ - Роберт А.Хајнлајн
Зборовите на овој писател, кој пишувал научна фантастика, нè потсетуваат дека инженерите создале нешто во реалноста што за повеќето луѓе останува фантазија.
„Она што обично го сметаме за невозможно, едноставно е проблем на инженерите. Не постои закон за физика што ги спречува инженерите“ - Мичио Каку
Мудрите зборови од овој брилијантен професор нè потсетуваат дека инженерите треба да бидат почитувани.
„Проблемот во овој бизнис не е да ги спречите луѓето да не ги крадат вашите идеи, туку да ги натерате да ги украдат вашите идеи“ - Хауард Ајкен
Хауард е физичар по професија кој помогнал да се создаде „Ај-би-ем“ компјутерот „Харвард Марк“. Во тоа време компјутерот не бил користен. Подоцна станал популарен и, за среќа, многу компании ја „украле“ идејата. Денес не можеме да живееме без нив.
„Колку помалку делови се движат, толку подобро“ - Кристијан Кантрел
Иновација е да се пронајдат поедноставни решенија.
„Не постои ништо посилно од тоа младите луѓе да се заинтересираат за наука и инженеринг, за подобро утре, за целото човештво“ - Бил Нaj
Сите го знаат Бил Нај, механичкиот инженер кој одлично го познава своето поле на експертиза. Неговата изјава е точна. Инженерите работат за да го подобрат општеството.
„Трикот да се има добри идеи не е да седите во изолација и да се обидувате да размислувате за големи мисли. Трикот е да добиете поголем дел од масата“ - Стивен Џонсон
Овој цитат допира важен аспект од инженерството. Моќта човек да има „човечки вештини“. Ова е суштинска вештина.
„Архитектите и инженерите се меѓу најуспешните луѓе бидејќи градат свои споменици во согласност на јавноста, одобрување и честопати пари од јавноста“ - Џон Пребл
Мисла од академикот кој студирал за
историјата на општеството. Користете го цитатот како инспирација за она што може да ви го донесе вашата кариера.