X
 04.03.2019 Живот

Прекрасни цитати за животот од детски книги: „Не се плашам од бури бидејќи учам како да пловам со мојот брод“

Детските книги се полни со мудрости. Доколку обрнете внимание, ќе ја забележите мудроста што се крие во нивните реченици.

1. Антоан де Сент-Егзипери, „Малиот принц“ - Човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите. (Најважните работи во животот не можете да ги видите, но можете да ги почувствувате).


2. Џ.М. Бари, „Петар Пан“ - Во моментот кога почнуваш да се двоумиш дали можеш да леташ престануваш да бидеш во можност да го сториш тоа. (Никогаш немој да се двоумиш во себе бидејќи тоа само ќе те спречи да ги исполниш твоите цели).

3. Д-р Сјус, „Ох, местата што ќе ги посетиш!“  - Имаш мозок во твојата глава. Имаш нозе во твоите чевли. Можеш да се насочиш во која било насока што ќе ја избереш. (Само ти можеш да одлучиш за патот што ќе го избереш).

4. Медлин Ленгл, „A wrinkle in time“ - Немој да се обидуваш да го разбереш она што е во твојот ум. Твојот ум е многу ограничен. Искористи ја твојата интуиција. (Понекогаш да се биде аналитичен е добра работа, но во поголемиот дел од времето не е).

5. Џон Роналд Руел Толкин, „Хобитот“ - Доколку повеќето од нас ја ценеа храната, наздравувањето и песната над златото, светот би бил повесел. (Материјалното не ни носи среќа).

6. Луиса Меј Алкот, „Малите жени“ - Не се плашам од бури бидејќи учам како да пловам со мојот брод. (Немој да се плашиш од животните предизвици).

7. Кевин Хенкес, „Малечката пластична чанта на Лили“ - Денес беше тежок ден. Утре ќе биде подобар. (Секогаш запомни дека во животот ќе дојдат и поубави денови).

8. Луиз Фитзхју, „Хариет шпионот“ - Понекогаш мора да лажеш. Но себеси секогаш мораш да си ја кажуваш вистината. (Секогаш биди искрен со себе).

9. А.А.Милн, „Вини Пу“ - Ти си похрабар отколку што веруваш, посилен отколку што изгледаш и попаметен отколку што мислиш. (На сите им е потребно признание).

10. Луис Керол, „Алиса во земјата на чудата“ - Знаев која сум ова утро, но оттогаш се променив неколку пати. (Луѓето постојано еволуираат. Прифати го фактот дека работите ќе се променат).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот