Доколку се случи да паднете на приемните испити, да не ве примат на одреден факултет или пак да се предомислите за тоа што да студирате, потребно е да имате алтернатива, односно друг избор на факултет.
Обидете се за овој избор да се одлучите претходно - алтернативата би можела да биде или на истиот факултет, или на некој друг. Ова не значи дека сте песимисти и дека не верувате во вашиот успех или резултатите од приемниот испит, туку едноставно значи дека сакате да бидете сигурни дека досегашното знаење и вложениот труд во образованието нема да пропаднат и дека нема да изгубите година во случај на непредвидена конкуренција на уписите или некој друг фактор врз кој не можете да влијаете и не можете да го предвидете, а може да влијае врз вашите уписи на посакуваниот факултет.
Критериуми според кои треба да се водите при избирање на алтернативна студиска програма
Ист факултет - слична насока
Најлесниот начин да пронајдете алтернативна студиска програма која би можела да ви биде втор избор е на истиот факултет да погледнете кои студиски програми се слични со она што најмногу ве интересира.
На пример, доколку ве интересира книжевност, погледнете кои насоки постојат во фокус на книжевноста.
Кој факултет е најдобар избор?
Слична насока - различни факултети
Постои и оваа можност - на два различни факултети (или на различни Универзитети по различни програми) да се наоѓаат програми кои во суштина се слични.
Приемен испит
Доколку постои приемен испит, кога се подготвувате за него, доста е важно да се подготвите добро и материјалот да го совладате што подобро. Затоа е важно како алтернатива да изберете програма која на приемниот испит ќе има ист или сличен материјал на она што го подготвувате.
На пример, доколку ве интересираат општествените науки и сметате дека треба тоа да студирате, погледнете кои насоки имаат сличен приемен испит и однапред испланирајте го вашиот алтернативен избор - за да бидете спремни.
Втор уписен рок
Секако, ако не успеете во првиот уписен рок да се запишете на факултет, тогаш секогаш постои можност да се запишете на вториот уписен рок.
Потребно е да следите на кој факултети после првиот уписен рок постојат места за упис на студентите во вториот рок.