X
 22.02.2017 Образование

Италијанец завршил 15 факултети - има уште една желба!

Лучијано Бајети живее во гратчето Велетри, близу Рим, и ги поминува деновите во неговата куќа и градина.

fakulteti

Но секој ден, околу 3 часот наутро, тој ги вади книгите и започнува да учи. Бајети има 15 додипломски и магистерска диплома од различни универзитети ширум Италија и веќе се подготвува за својата 16-та диплома.

„Благодарение на книгите се чувствувам слободно. На крајот на краиштата и двата зборови имаат ист корен“, вели Бајети укажувајќи на италијанскиот збор либро, книга и либеро што значи слобода. Овој поранешен директор на средно училиште во 2002 година успеал да се запише во Гинисовата книга на рекорди како човек со најмногу дипломи, тогаш завршувајќи го осмиот, машински факултет.

Бајети има завршено социологија, литература, политички науки и филозофија, а повеќето ги завршил на престижниот и еден од најстарите универзитети во светот - римскиот Ла Сапиенца. Од тогаш додал уште седум други на неговата листа, вклучувајќи криминологија, воена стратегија и туризам, кој го завршил овој месец во Наполи.

„Секој пат си поставувам предизвик да видам колку телото и мозокот можат да издржат“, вели Бајети кој ја започнал кариерата како наставник по физичко. Поголемиот дел од дипломите ги стекнал додека бил вработен и волонтирал за Црвениот крст. Првата диплома, за наставник по физичко, ја стекнал во 1972 година и веднаш го засакал академскиот свет. Најголем предизвик и најнеобична била дипломата по воена стратегија.

„Овие студии се организирани од Министерството за одбрана и Универзитетот во Торонто чија тема се чувствителни работи во врска со националната безбедност. Испитите моравме да ги полагаме во униформа“, вели тој.

Студиите по криминологија, кои од него бараа да прави интервју со затвореници, исто така имале долгорочно влијание врз него.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование