Според правилата на уредување на древниот кинески систем фенг шуи, работната маса треба да има земјени елементи и барем половина од неа треба да биде прегледна и јасна. Еве што друго се препорачува за уредувањето на работната маса според овој систем.
За пари
Левиот агол од масата ги претставува богатството и просперитетот, па затоа тоа е одлично место за растение или вреден предмет. Се препорачува да содржи детал со виолетова боја.
За углед
Сакате да бидете во центарот на вниманието и да имате добар углед? На средината на масата може да чувате визит-карти или плоча со вашето име. Се препорачуваат и мотивациски фотографии кои го покажуваат вашиот успех. За ова се препорачува користење на црвената боја.
Фото: Pixabay
За љубов
За да пронајдете љубов, држете свеж цвет за среќа на горниот десен агол од масата. Веќе имате некој посебен во животот? Тогаш ова место е идеално за ваша заедничка фотографија. Бојата што се препорачува е розова.
За креативност
На десната страна треба да се наоѓа нешто што ве инспирира. Се препорачуваат белата, црната, златната и бакарната боја.
За помош од пријател и патување
Ако ви треба помош од пријател, фокусирајте се на долниот десен дел од масата. Тука може да чувате адресар или телефонски именик. Оваа област го симболизира и патувањето, па ако сакате да патувате, тука ставете фотографија од некоја дестинација. Се препорачува сивата боја.
За кариера
Просторот за кариера се наоѓа во центарот на масата. Ова место треба да биде чисто и уредно, а може да ставите и некој мотивациски потсетник. Се препорачува црната боја.
Фото: Pixabay
За знаење и мудрост
Доколку сакате да совладате некоја работна задача, акцентот ставете го на левиот долен дел од масата. Се препорачува сината боја.
За семејство
Семејната фотографија треба да се стави во центарот на левата страна од масата, а дрвената рамка ја зголемува енергијата. Се препорачуваат зелени детали.
За здравје
Средината на масата нека биде празна за ништо да не му пречи на протокот на позитивна енергија. Се препорачува користење на жолтата боја.
Извор:
Studenti