За финскиот град Лахти, работата од далечина има и буквално значење. Градот соработува со агенцијата „ТБВА\Хелсинки“ и дизајнерската компанија „Апвуд“ за да постави повеќе работни маси на отворено среде шума. Вакви маси се поставени на дрвја покрај езеро, на околу 45 минути пешачење од најблискиот паркинг, како и во паркови во шума кои се поблиску до градот.
За многумина што од почетокот на пандемијата работат затворени дома, овие работни маси може да бидат начин за бегање од секојдневието. Работните маси се направени од дрво и на нив има место за лаптоп и тетратка, место за чаша и закачалка. Тие се бесплатни за користење, но немаат интернет-конекција.
Пандемијата била главна инспирација за проектот, но градот и дизајнерите сакале и да ја покажат природната убавина во регионот. Градот планира да ги отстрани во текот на зимата, но повторно да ги постави напролет.
Засега, вакви работни маси има на 5 локации во градот.
Извор:
Fast Company
Фото: Instagram/Printscreen