X
 19.02.2021 Живот

Французите сега може да јадат на работното место без да го прекршуваат законот

Многу Французи сега може да јадат на работното место без да го прекршуваат законот. Државата ја суспендира забраната за јадење на работните бироа воведена за да се спречи ширењето на Ковид-19, пренесува Си-ен-ен.

Паузата за ручек долго се почитува во Франција, но досега законот им забрануваше на работниците да јадат на работното место. Пред пандемијата, паузата за ручек на Французите најчесто се состоеше од долг ручек во ресторан во близина на работното место.

Според новото правило, Французите може да јадат на работното место во компаниите со над 50 вработени и во фирми во кои кафетериите не овозможуваат да се почитува физичкото дистанцирање. Луѓето мора да бидат оддалечени барем еден метар едни од други кога не носат маска на лицето.

Франција воведе повеќе мерки за спречување на ширењето на болеста од почетокот на пандемијата. Рестораните, баровите и кафулињата се затворени од крајот на октомври и во земјата има полициски час кој почнува во 18 часот.

Досега над 2,2 милиона луѓе во земјата ја примиле првата доза од вакцина против Ковид-19, а 650.000 ја примиле и втората доза.

Автор: Саскја Вандорн
Извор: cnn.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот