X
 20.06.2022 Спорт

Суперкомпјутер предвиде кој ќе го освои Светското првенство во фудбал 2022

Суперкомпјутерот „Ди аналист“, кој прави спортски анализи, предвидел дека фудбалската репрезентација на Франција ќе го освои Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи кон крајот на оваа година.

Мундијалот во Катар ќе биде единствен по многу работи. Првпат досега првенството се одржува во зима, а првпат и еден град ќе биде домаќин на сите натпревари. Во прашање е Доха.

Веќе се направени групите, а суперкомпјутерот „Ди аналист“ направил анализа за да предвиди кој ќе биде првак. Суперкомпјутерот користел алгоритам кој направил 1.000 симулации и врз основа на тоа заклучил дека Франција ќе биде првак.



Доколку ова биде вистина, Франција ќе стане трета репрезентација што успеала да ја одбрани светската круна откако на претходното првенство ја совлада Хрватска во финалето. Според анализата на суперкомпјутерот, Хрватска е десетта по ред на листата со најголеми фаворити за освојување на првенството.

Бразил се наоѓа на второто место, а по него следуваат Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Германија, Аргентина и Португалија.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт