X
 20.06.2022 Живот

Поради високите температури во делови од Франција е забрането организирање настани на отворено

Франција забрани одржување на јавни настани на отворено во одредени региони поради топлотниот бран кој ја погодува Европа. Забранети се концерти и големи јавни настани во департманот Жиронда во југозападниот дел од Франција.

Минатата седмица во Франција биле забележани температури од 40 Целзиусови степени. Оваа температура била достигната многу порано отколку минатото лето. Научниците велат дека светот се соочува со почести и подолги интензивни топлотни бранови како резултат на глобалното затоплување.

Во Жиронда властите изјавиле дека јавните настани ќе бидат забранети од минатиот петок до крајот на топлотниот бран. Забранети се и настани на затворено во градби каде што нема климатизер, иако се дозволени приватни прослави, како венчавки.


Фото: Pixabay

Француските власти ги предупредиле жителите да бидат екстремно внимателни и да не излегуваат надвор доколку не мораат. Метеоролозите велат дека топлотниот бран е предизвикан од врел воздух кој се движи од Северна Африка. Во Франција се зголемило користењето на климатизери и вентилатори, поради што Франција мора да увезува електрична енергија од соседните земји.

Рекордни температури се забележуваат и во други западноевропски земји, како Шпанија и Обединетото Кралство.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот