Министерката за спорт Амели Оудеа-Кастер минатата година покрена иницијатива за забрана на француските спортистки да носат хиџаб.
- Ниту една жена во делегацијата на нашата земја нема да носи хиџаб или шамија за време на Олимписките игри во Париз - најавила таа.
„Амнести интернешенел“ набрзо излезе со реакција. Во јавно писмо до претседателот на Олимпискиот комитет, Томас Бах, се бара промена на одлуката бидејќи се работи за очигледна дискриминација.
- Забраната за носење хиџаб од страна на француските спортистки на Олимписките и Параолимписките игри ги прави смешни најавите дека Игрите во Париз се први со родово еднакви игри во историјата. Оваа одлука ја открива расистичката полова дискриминација која е во сржта на францускиот спорт. Ниту еден политичар не треба да диктира што една жена може или што не може да носи и ниту една жена не треба да биде принудена да избира помеѓу спортот што го сака и нејзината религија, културен идентитет или верувања. Не е доцна француските власти, спортските федерации и Олимпискиот комитет да ја направат вистинската работа и да ја сменат оваа одлука - истакнала Ана Блус од „Амнести интернешнл“.
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) не сака да се меша. Оттаму излегле во јавноста со кратка изјава.
- Право на Франција е да воведе забрана за нејзините спортистки. Слободата на вероисповед се толкува на различни начини во различни земји - соопштиле од МОК.
Франција го забранува хиџабот од 2004 година. Беше донесен закон со кој им се забранува на луѓето да носат „впечатливи верски симболи“ во јавните училишта и државните институции.
Иако усвоениот закон не беше проширен на спортот, федерациите полека ги воведуваат истите забрани со регулирање на нивните регулативи, па многу спортистки решија да не ја претставуваат Франција.
Извор: lolamagazin.com
Фото: Freepik