X
 20.07.2017 Живот

Едноставен трик за зголемување на продуктивноста

Како што е заразно проѕевањето, така е заразна и енергијата за работа, односно мотивацијата.

Иако работодавците со години ги стимулираат своите вработени со „проверени“ методи на наградување, како поголема плата, бонуси, дополнителни слободни денови, работни патувања или едукација, едно истражување на консултантската фирма “Cornerstone Ondemand” открило како продуктивноста може да се подобри со едноставно разместување на вработените во канцеларијата.

Секако, ова зависи и од способностите на вработените и колегите соседи. Од три категории вработени во истражувањето – продуктивните работници (кои брзо ги завршиле задачите, а ги немале потребните квалитети), квалитетните работници (кои ги завршиле задачите, но полека) и генералистите (просечни во двете димензии) – најдобро се согласувале продуктивните и квалитетните вработени што седеле едни покрај други.

„Квалитетниот работник се обидува да ја приспособи брзината на продуктивниот работник, додека продуктивниот работник се обидува да го подобри квалитетот на работата. Во тој случај и во случај кога генералистите се групирани заедно, утврдена е за 13% поголема продуктивност во брзината на работата и профит од 17% во ефикасност, што значи дека има помалку нерешени задачи“, заклучиле истражувачите.

Но, американските стручњаци додаваат дека кога два продуктивни работници се еден покрај друг, нема да се зголеми продуктивноста, како што и генералистите нема да влијаат ниту врз квалитетните ниту врз продуктивните работници.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот