Постојат голем број опасни професии, каде само еден погрешен потег може да значи сигурна повреда па дури и смрт. Ова се десетте најопасни работни места за здравјето на луѓето.
1. Асистенти и техничари во хирургија и медицина
Овие асистенти помагаат во операциите. Освен тоа, тие работат и во лаборатории, а меѓу најчестите здравствени ризици се изложеноста на болести и инфекции и заразни материи.
2. Стационарни инженери и работници во котели
Овие работници управуваат и одржуваат големи системи за греење и вентилација во големите објекти како што се на пример трговските центри и магацините. Главните ризици се изложеноста на заразните супстанци и опасните услови како и опасност од изгореници или исеченици.
3. Оператори на отпадни води
Овие оператори ги водат системите кои ги насочуваат и прочистуваат отпадните води. Меѓу главните ризици за здравјето е нивната изложеност на опасни супстанци и опасни услови како и изложеноста на изгореници, исеченици и слично.
4. Хистолози
Хистолозите го подготвуваат материјалот за микроскопска обработка и патолошка дијагноза. Тие се изложени на опасни услови, заразни материи, болести и инфекции.
5. Службеници во канцелариите за имиграција и царински инспектори
Овие работници ги проверуваат луѓето, нивниот багаж и другите предмети кои доаѓаат од различни земји. Тие се изложени на инфективни агенси, болести, инфекции и зрачење.
6. Подијатри
Подијатрите дијагностицираат и лекуваат деформитети и болести на стапалата. Тие се изложени на болести и инфекции, заразни материи и зрачење.
7. Ветеринари
Ветеринарите се грижат за здравјето на животните, дијагностицираат болести и повреди и ги третираат. Главните ризици во оваа работа се изложеноста на болести и инфекции, изложеноста на изгореници, исеченици, каснувања и изложеност на инфективни агенси.
8. Анестезиолози
Анестезиолозите се грижат за анестетиците и седативите пред одредена медицинска процедура, но исто така им помагаат на пациентите да се опорават од анестезијата. Тие се изложени на болести и инфекции, заразни материи и зрачење.
9. Стујардеси
Стујардесите се одговорни за услуги кои обезбедуваат сигурност и удобност на патниците во авионите за време на летот. Тие ги поздравуваат, им ги проверуваат картите, им објаснуваат за употребата на сигурносната опрема и ги послужуваат со храна и пијалок. Изложенисе на заразни материи, болести и инфекции и слично.
10. Стоматолози и нивниот персонал
Овие работници се задолжени за преглед, дијагностика и лекување на болести на забите и непцата. Изложени се на заразни материи, болести и инфекции.