X
 13.09.2022 Технологија

„Јутјуб“ планира посебен видеоплеер без реклами за образовната содржина

„Јутјуб“ воведува посебен видеоплеер кој ќе ги отстранува рекламите, линковите и препораките на образовната содржина. Целта е да им се овозможи на гледачите да ги одбегнат пречките за време на учењето на платформата.

Платформата ќе воведе повеќе новости за креаторите и институциите кои објавуваат образовна содржина, а една е видеоплеер кој ќе ги отстранува рекламите, линковите и препораките од содржината. Инаку, алгоритамот на „Јутјуб“ е направен за да ви го задржи вниманието и може да нуди содржини кои не се поврзани со учењето, што може да биде контрапродуктивно.

За почеток, новиот видеоплеер ќе им биде достапен на образовните технолошки фирми како „Гугл класром“ и некои универзитети, а подоцна ќе се зголемува бројот на корисници.

Освен тоа, „Јутјуб“ ќе им овозможи полесна монетизација на креаторите на образовна содржина, а најавени се и нови ознаки за квизови кои креаторите ќе може јавно да ги постават на каналот.

Извор: Srednja
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија