X
 20.07.2024 Наука

Што може да му се случи на телото ако секој ден јадеме сладолед?

Сладоледот е омилено благо во топлите летни денови, но фактите за тоа како влијае врз нашето здравје може да ве натераат да ја преиспитате навиката да јадете сладолед секој ден.

Иако сладоледот содржи некои хранливи материи, како калциум, витамин Д и А, тие не се во доволни количини за да имаат добар ефект врз здравјето.

Она што секако го има се многу масти и шеќер, па затоа не треба да се потпирате на сладолед за да ја добиете вашата дневна доза од овие клучни хранливи материи.

Секојдневното консумирање сладолед може да влијае врз телото и здравјето на многу начини.

Може да предизвика чувствителност на забите


Забите можат да биде чувствителни на ладна, топла и кисела храна и пијалаци, а тоа се случува кога забната глеѓ се собира и се изложуваат нервните завршетоци на забите. Ако се сомневате дека чувствителноста на забите може да биде ваш проблем, јадењето сладолед ќе го потврди тоа. Посетете го вашиот стоматолог, а доколку во меѓувреме продолжите да јадете сладолед, не гризете го, туку лижете го.

Во некои околности може да помогне во изградбата на мускулите

Тренерот и нутриционист Џеј Кардиело, кој ги тренира познатите личности, верува дека шеќерите во сладоледот помагаат во градењето на мускулите и го спречуваат разградувањето на протеините со зголемување на нивото на инсулин во телото. Тој вели дека сладоледот може да биде корисен и до два часа по тренингот.

Но, докторката Кристи Фанк смета дека иако има одредена вистина во тоа дека сладоледот по тренинг е добар, сепак не треба да се претерува. Важно е колку напорно сте вежбале, а доктор Тревис Шторк смета дека консумирањето сладолед по тренинг не е идеален избор.

Може да го наруши сонот


Клучно истражување покажува дека јадењето храна со малку влакна и богата со заситени масти е поврзано со подобар сон. Јадењето повеќе шеќер, особено во текот на ноќта, го намалува количеството на длабок сон.

Експертот за спиење Крис Винтер верува дека сладоледот по вечерата или јадењето храна со многу масти пред спиење не е решение за проблемите со спиењето кај повеќето луѓе.

Винтер советува пред спиење да изедете банана богата со магнезиум, која го подобрува сонот.

Може да има негативен ефект врз расположението и здравјето на мозокот

Доктор Ева Селхуб додава дека храната со висока содржина на масти и шеќери, како што е сладоледот, е штетна за мозокот. Многу истражувања открија корелација помеѓу исхраната богата со рафинирани шеќери и нарушената функција на мозокот, па дури и влошување на депресијата.

Веројатно ќе се здебелите


Иако сладоледот е омилено задоволство за многумина, неговото секојдневно консумирање може да предизвика дебелеење, дијабетес и негативно да влијае врз здравјето на срцето. Многу истражувања веќе открија дека консумирањето големи количини шеќер предизвикува зголемување на телесната тежина.

Изложеност на поголем ризик од хронични болести

Ако се здебелите од јадење сладолед секој ден, ќе го зголемите и ризикот за развој на сите хронични здравствени проблеми кои доаѓаат со него, вклучувајќи дијабетес тип 2, срцеви заболувања и рак.

Јадењето големи количини сладолед може да биде штетно за срцето


Секојдневното прејадување со калорична и тешка храна како сладолед дефинитивно не е добра идеја.

Едно истражување на пациенти со срцев удар покажа дека луѓето имаат поголема веројатност да добијат срцев удар или други сериозни коронарни проблеми по јадење невообичаено тежок оброк.

Храната со висока содржина на масти и шеќер предизвикува нагло зголемување на инсулинот и триглицеридите во крвта, го зголемува крвниот притисок и отчукувањата на срцето и предизвикува блокирање на крвните садови, што може да предизвика срцев удар.

Извор: n1info.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука