X
 25.08.2016 Живот

Кој вид на храна нема рок на траење?

Рокот на траење на храната што ја јадиме може да биде прилично збунувачки. Не само што постојат повеќе датуми, туку понекогаш овие датуми може да се целосно грешни. Од друга страна, голем дел од храната го фрламе иако воопшто не е расипана и е сигурна за консумирање.

 

јадење


Секако, постојат видови на храна која никогаш не се расипува и на која датумот не треба воопшто да го гледате.

1. Мед

Медот има неограничен рок на траење. Може да ја промени бојата или да се кристализира, меѓутоа и понатаму е добар за јадење. Ако медот се кристализира, едноставно ставете ја теглата во топла вода и мешајте се' додека кристалите не се растопат.

2. Ориз

Дури и ако на кутијата има дебел слој прашина, оризот внатре е добар за јадење. Ова важи за сите видови ориз: со долго и кратко зрно. Единствено што треба да внимавате при складирањето ориз е да го чувае од инсекти.

3. Бел оцет


Можете да купите поголема количина на бел оцет без страв дека ќе ви се расипе. Имено, белиот оцет може да трае вечно. Освен што можете да го искористите за салати, тој е одлично средство за чистење.

4. Екстракт од ванила

Чистиот екстракт од ванила ќе остане свеж бидејќи се чува во чист алкохол. Но, внимавајте дали станува збор за вистински екстракт од ванила бидејќи вештачкиот нема толкав животен век.

5. Сол

Солта не може да се расипе и засекогаш останува свежа како првиот ден кога сте ја купиле.

6. Пченкарен скроб


И оваа намирница има неограничен век на траење, но мора да ја чувате на ладно место и добро затворена.

7. Шеќер

Кај шеќерот не е проблем да го одржувате свеж, туку проблем е да спречите да не стане тврд како камен. Шеќерот никогаш нема да се расипе бидејќи не поддржува развивање на бактерии. Единствено што морате да внимавате е да го држите подалеку од влага и инсекти.

8. Жесток пијалак


Не мора да брзате да го завршите шишето рум - добро затворено и чувано на ладно место може да трае колку што ви е потребно.

9. Сув грав

И сувиот грав може да не се расипе долго време. Единствено што треба да имате во предвид е дека ќе биде одолго време да омекне при готвење, а некогаш нема вооопшто да омекне, особено ако стоел две-три години. Добро е што воопшто нема да ја изгуби својата хранлива вредност.

10. Инстант кафе

Инстант кафето во фрижидер може да се чува засекогаш и тоа без оглед дали пакувањето е отворено или не.

11. Јаворов сируп

Иако оваа намирница кај нас не се користи толку често, доколку ја имате во вашиот дом добро е да знаете дека нема рок на траење. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот